Реализацијата на проектот за изградба на ски центар на Галичица ја има поддршката и од локалната самоуправа. Како што изјави градоначалникот Александар Петрески, неговата изградба е од големо значење за продолжување на туристичката сезона во Охрид, бидејќи само тогаш може да се зборува за 12 месечен туризам.
– Ова е можност да се реализира мојата идеја стара 20 години, за која повеќе пати сме разговарале со претседателот на ХОТАМ, Дончо Танески за што е изготвен и проект. Моја идеја е дека не треба да бараме инвеститори од странство, туку тоа треба да се сопствениците на хотелите на охридското крајбрежје кои заеднички би основале и би вложиле во компанија на која би и се издал под концесија просторот на кој би се градел Ски центарот на Галичица. Тоа е и во нивен интерес за да имаат повеќе гости во нивните хотели.Идејата ја имам доставено до хотелиерите и до надлежните министерства, рече Петрески.
Тој потенцира дека идејата е на Галичица да се изградат жичара, ски лифтови и неколку дрвени куќарки наменети за гостите, додека пак за сместување би се користеле капацитетите на хотелите на крајбрежјето.











