Проектот Битка за спас на охридската пастрмка од нејзиното целосно истребување , кој го изработи охридскиот екологист Лазо Наумоски не ги доби потребниот број гласови за да ја добие наградата од страна на Прилепската пивара на распишаниот конкурс за избор на проект од општ интерес.

За понудените проекти се гласаше по електронски пат преку интернет страницата на Министерството за животна средина заклучно 17- ти ноември.

Најголем број гласови доби проект кој се однесуваше за помагање на хендикепираните лица. Жал ми е што не победи проектот за спас на охридската пастрмка, но сепак сум задоволен од освоените 2670 гласа.  Се надевам дека со потенцирањето на проблемот околу истребувањето на охридската пастрмка, се влијае врз свеста на надлежните за тие што поскоро превземат конкретни мерки за нејзин спас, вели Наумоски.

Големиот број на гласови е сигнал за нашата граѓанска загриженост и апел до сите Европски институции и УНЕСКО за стопирање на риболовот на целата територија од езерото вклучувајќи го и Албанскиот дел, потенцира охридскиот екологист.

OhridNews