Како што информира директорката на Центарот за култура, Драгана Боцеска, во тек е доопремување на техниката за прикажување на филмовите.
– Изминатите две години се реализираа поголеми, инвестициони зафати како што беа обновувањето на покривот на објектот, нов под, нова опрема за осветлување, озвучување, како и набавка на ново платно на кое веќе се прикажуваат филмовите. Во тек е техничкото доопремување на центарот, по чие завршување ќе може да се каже дека е комплетиран новиот лик на објектот, вели Боцевска.