Во организација на Ротаракт Клуб Охрид, во соработка со Македонската мисија за хуманост, утревечер, со почеток во 20 часот во кафе бар „Ликвид“, ќе се изврши проекција на  филмовите на Марија Макеска, “ Сродни души ” и “ Запознајте не ”.

– За време на проекцијата во кафе “Ликвид” ќе биде поставена донаторска кутија, во која секој ќе може да остави свој прилог, со што ја искажува неговата општествена одговорност, зема активно учество и директно помага во остварување на идните проекти на клубот, информираат од Ротаракт Клуб- Охрид.

Влезот за настанот насловен „Одговорноста нека биде твојот филм“, е слободен, а гостите добиваат гратис пуканки.

OhridNews