Професори по француски јазик од 12 земји од Југоисточна Европа ќе бидат дел од 17-от Летен регионален универзитет за француски јазик кој од 4-ти до 8-ми јули 2016 година ќе се одржува во Струга. Организатор на Летниот универзитет е Францускиот институт во Скопје во коорганизација на 4 земји: Албанија, Хрватска, Македонија и Србија.

-Модулите за обука се однесуваат првенствено на професори од земјите коорганизатори, како и од соседните земји: Бугарија, Грција, Унгарија, Црна Гора, Косово, Романија, Турција, Словачка. Модулите можат да ги следат и професори од други земји. Главната цел на овој регионален универзитет е да му даде визибилитет на францускиот јазик, да го зајакне местото на францускиот јазик во образовните системи на земјите и да овозможи да се создаде вистинска врска и размена на професионални пракси помеѓу професорите од сите земји, информираат организаторите.

Летниот регионален универзитет во Струга нуди 6 модули, од по 18 часа обука за секој од нив. Професорите кои се запишуваат на еден од овие модули се обврзуваат да ја следат обуката во целост, а потврдата за учество ќе им биде издадена на крајот на семинарот, под услов редовно да ја следеле обуката.

OhridNews