Основците од ОУ „ Христо Узунов“, деновиве, имаа можност да го изучуваат англискиот јазик на еден поразличен и поинтересен начин.

Во посета на училиштето беа професори од Америка кои заедно со колегите од охридското училиште им пренесуваа нови знаења за англискиот јазик на учениците, при тоа користејќи  нови надгледни средства.

– Беа посетени неколку одделенија од прво до шесто,а учениците со интерес  ја следеа наставата, изјави директорот на ОУ „ Христо Узунов“, Тони Симоноски.

OhridNews