“Односот помеѓу учениците и професорите” е тема на отворената трибина што денеска на пладне ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Учество ќе земат професори од средните училишта од градот и претставници на Средношколската унија на Охрид, а присутните ќе имаат можност да се вклучат во дебатата со свои прашања.











