Докторот на науки и професор на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, како и актуелен советник и координатор на советничката група на СДСМ и опозицијата во градското Собрание, Јован Стојаноски, ќе биде кандидат за градоначалник на Охрид на претстојните локални избори што ќе се одржат на 15 октомври, дознава OhridNews.
Неофицијална потврда на иформацијата добивме од високи партиски извори.
Се очекува изборот набрзо да го потврди партиското раководство на СДСМ по што кандидатурата на професорот Стојаноски ќе стане и официјална.
Стојаноски подолго време во охридската јавност се спомнуваше како најсериозен кандидат за градоначалник. Тој убедливо победи на внатрепартиските избори што ги спроведе огранокот на СДСМ во Охрид и најдобро котираше на анкетите реализирани во предизборниот период.
OhridNews












