Професорот Виктор Фридман, кој важи за извонреден познавач на македонскиот јазик и докажан афирматор на земјава, денеска ќе има средба со претставници од Општина Охрид.
Фридман е професор на Универзитетот „Чикаго“ , а неговото доаѓање во Охрид се смета за голем придонес во одбележувањето на Годината на македонскот јазик.
Виктор Фридман е редовен учесник на Меѓународниот семинар за македонски јазик и литература кој 4 децении секој август се одржува во Охрид. Нему неодамна во Битола му беше врачена наградата „Духовен воин“ што ја доделува Меѓународната асоцијација „Македонски духовни конаци“ за афирмација на македонскиот јазик.












