Црвен крст Охрид повторно ја организира програмата за развој за младинско лидерство „Млади лидери создаваат иднина“. Оваа програма, велат, е наменета за млади од деветто одделение до трета година средно образование.

Црвен крст Охрид ја нуди оваа програма со цел да им овозможи на младите да ги зајакнат своите лидерски вештини и како лидери да земат учество во живеењето на заедницата, како и да стекнат вештини и ресурси потребни за да се стремат кон компетитивни работни кариери, посочуваат.

Програмата информираат дека ќе започне да се реализира на 16 септември 2025 година и ќе трае до крајот на првото полугодие.

Во текот на програмата, учесниците ќе посетат 13 работилници на различни теми, како и Панел за кариера. Работилниците ќе се одржуваат секој вторник, со почеток во 19:00 часот, во просториите на Црвен крст Охрид. Учеството во програмата „Млади лидери создаваат иднина“ е бесплатно, додаваат.

Заинтересираните ученици може да се пријават од денес до 14 септември, пополнувајќи го формуларот на линкот.

OhridNews