Програмата КОВАКС за рамномерна испорака на вакцини против Ковид-19 низ целиот свет не успеа да ја исполни целта, бидејќи некои земји беа во можност да понудат повеќе пари и да направат резерви, смета генералната директорка на Светската трговска организација (СТО), Нгози Окоњо-Ивеала.
Недостигот во набавката го одреди однесувањето, истакна Окоњо-Ивеала за време на онлајн интервјуто за Атлантскиот совет, но не именуваше на кои земји мисли.
Таа додаде дека многу земји ја поддржале програмата КОВАКС, но истовремено купувале вакцини и на тој начин му ги ускратувале на КОВАКС, поради што глобалната програма за вакцинација се бори да ги достави набавките.

Глобалниот јаз во снабдувањето со вакцини е исклучително голем, снабдувањето е нерамномерно и нефер. Некои држави и региони нарачуваат милиони вакцини за да ја дадат третата доза, додека некои земји не успеаја да ги вакцинираат ниту своите здравствени работници, ниту најранливите групи на населението, предупреди Гебрејесус.
OhridNews











