Како што потенцира директорот на “Охридско лето”, Тони Симоноски, подготовките за јубилејното, 50- то издание течат во најдобар ред и се прават завршните подготовки. Официјалната промоција на програмата ќе биде следната недела, по одржувањето на концертот на легендарниот Боб Дилан на 4 јуни во Метрополис Арената во Скопје, со кој ќе се најави годинешното издание на фестивалот. Симоноски потенцира дека на програмата ќе се најдат познати уметници од областа на музиката, како и одлични театарски претстави од Македонија и светот.
Како што веќе Ohridnews објави, чест да го отвори најновото издание на “Охридско лето” ќе ја има познатиот македонски пијанист Симон Трпчевски. На свеченото отварање, во Охрид се очекува да допатуваат и првите луѓе на Европската асоцијација на фестивали.