Предлог одлуката за усвојување на програмата за изменување и дополнување на годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2011 година, ќе се најде на дневен ред на 33-та седница на Советот, што ќе се одржи денеска.
Советниците ќе расправаат и за одлуката за усвојување на Извештајот за работењето на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, како и по предлог одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изведба и реконструкција на локални патишта и улици. Се очекува советот да даде одобрение и за донирање средства на Бигорскиот Манастир „Свети Јован Крстител“, како и за храмот „Свети Ѓорги“ во Охрид.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Центарот за развој на Југозападниот плански регион за периодот од 01.01. до 31.12.2010 година.
2. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изведба и реконструкција на локални патишта и улици за периодот од 01.01. до 31.03.2011 година .
3. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води за периодот 01.01 до 31.03.2011 година.
4. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за периодот од 01.01 до 31.03.2011 година.
5. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за одржување и заштита на локални патишта , улици и регулирање на режим на сообраќај за периодот од 01.01. до 31.03.2011 година.
6. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште за периодот од 01.01.до 31.03. 2011 година.
7. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 01.01.до 31.03.2011 година.
8. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување за периодот од 01.01.до 31.03.2011 година.
9. Предлог Одлука за усвојување Извештајот за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на општина Охрид за периодот од 01.01.-31.03. 2011 година.
10. Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за потикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2011 година.
11. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за подршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2011 година.
12. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на буџетот за период од 01.01. до 31.03.2011 година.
13. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2011 година.
14. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2011 година.
15. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Погребни Услуги “ Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2011 година.
16. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Градски гробишта “ Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2011 година.
17. Предлог Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Охрид за 2011 година.
18. Предлог Одлука за донесување детален Урбанистички план за дел од блок 8.1 опфат 2 општина Охрид 2010-2015 година.
19. Предлог Одлука за изменување на Одлуката за авто такси превоз на патници на општина Охрид.
20. Предлог Одлука за исполнување на услови по Договор за заем по Проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“.
21. Предлог Одлука за донирање средства на Бигорски Манастир „Свети Јован Крстител“.
22. Предлог Одлука за донирање средства на Храм „Свети Ѓорги“ Охрид.
23. Предлог Одлука за усвојување на програмата за изменување и дополнување на годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид – 2011 година.
24. Предлог иницијатива за дополнување на Статутот на Општина Охрид.
25. Предлог Одлука зза разрешување член од Управниот одбор на ЈП „Нискоградба Охрид“ Охрид.
26. Предлог Одлука за именување на член во Управниот одбор на ЈП “Нискоградба Охрид “ Охрид.
27. Предлог Одлука за воспоставување на соработка помеѓу општина Охрид и град Трогир.
OhridNews