Програмата за туризам, Програмата за локален економски развој, Програмата за култура и Програмата за уредување на градежно земјиште за 2016 година се дел од точките за кои ќе расправаат струшките советници во рамки на 34-та седница на советот на општина Струга, која ќе се одржи денеска.

Освен овие точки пред советниците ќе се најдат и кварталните извештаи за работа на општинските јавни пртпријатија, Предлог – Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за превземање на долг од основните општински училишта на општина Струга за нафтени деривати и Предлог – Програмата за активностите во областа на социјалната заштита за потребите на граѓаните на општина Струга за 2016 година.

Исто така се очекува да бидат усвоени и Програмата за спорт и млади за 2016 година, Програмата за хоризонтална и вертикална сигнализација за 2016 година, Предлог-Одлуката за траен режим на сообраќај на улици во град Струга, Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на локалните патишта во Општина Струга за 2016 година, Оперативниот план за поплави како и уште неколку други програми за работа кои се изготвени за 2016 година.

OhridNews