Крилниот фудбалер на Охрид 04, Горан Пројков е на чекор да ги напуши редовите на “рибарите“.  Струмичанецот во редовите на Охрид беше една од клучните алки во освојувањето на осмата позиција на прволигашката табела. 


–    За мене заинтересиран е прволигаш од Албанија, кој сака во своите редови да ме доведе во зимскиот преоден рок. Добив понуда од две македонски екипи но предност му давам на заминувањето во странство – истакна Пројков.


Пројков во првата полусезона запиша 15 настапи за “рибарите“ постигнувајќи два погодоци, по еден на дуелот со Напредок и Ренова.

Мх.П.