ПроКредит Банка продолжува со активно ширење и модернизирање на својата мрежа и официјално започна со работа новата услужна единица во новоизградениот ритеил парк “Набизи” во Струга.

Услужната единица се одликува со модерен дизајн и функционалност, прилагодена на потребите на клиентите. Оваа локација е опремена со Зона 24/7, со современи банкомати кои им овозможуваат на клиентите самостојно да вршат банкарски трансакции во кое било време од денот, без разлика дали е викенд, празник или останати неработни денови. Клиентите можат да вршат уплата и исплата на денари и евра, внесување на дневен промет и користење на drop box сеф за депонирање поголеми суми на средства.

Покрај дигиталните поволности, клиентите имаат пристап и до стручниот тим на ПроКредит Банка, кој е достапен за консултации и поддршка секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.

 

ПроКредит Банка останува посветена на својот стратешки приоритет за обезбедување достапност и ефикасност со постојана грижа за задоволството на своите клиенти.

 

Повеќе информации за локациите на ПроКредит Банка можете да најдете на веб страницата ProCredit Bank – Експозитури и Банкомати.

OhridNews/PR