Во Охрид денеска ќе преовладува сончево и релативно топло време со слаб ветер, претежно од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 23 степени Целзиусови. Се очекува по одделни котлини да има појава на слаба утринска магла.

Невообичаеното топло време за овој период од годината ќе потрае и во наредните денови. Особено топло ќе биде во сабота, на места до 27 степени, a во недела се очекуваат врнежи од дожд и благ пад на температурите, кои и натаму ќе се движат над 20-от степен Целзиусов.

OhridNews