Над 80 млади шахисти од земјава и странство ќе учествуваат на третото издание на пролетниот турнир на младинскиот шаховски фестивал „Езерска кралица 2025“, што вo недела ќе се одржи во Струга.

Освен најдобрите младинци од Македонија на Пролетниот турнир свое учество пријавија и Националните младински шампиони од Албанија, што го прави овој турнир доста посилен и поквалитетен, вели директорот на турнирот, Ѓоко Котески.
За оваа година, според најавата на Котески, планирани се неколку турнири во рамките на фестивалот „Езерска кралица“, а со турнирот во недела се означува почетокот.
OhridNews










