Пешачките острови и тротоарите околу на неколку глави сообраќајници низ Охрид, деновиве добија нови и свежи бои. Ова се должи на тековните активности на екипите на Ј.П.”Охридски Комуналец”  за обновување на хоизонталната сообраќајна сигнализација, кои се спроведуваат секоја пролет.


Општина Охрид во овогодишната Програма за хоризонтална сообраќајна сигнализација има издвоено вкупно  4 милиони и 170 илјади денари. Тука спаѓаат активностите за осовинско бележење на патишта со бела боја, бележење на пешачки премини со бела боја, обележување на коловозни стрелки, обележување на автобуски и такси постројки со жолта боја, одржување електрична семафорска сигнализација, бојадисување на сообраќајни површини со ладна пластика и други активности.

OhridNews