Екипите на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ деновиве спроведуваат низа пролетни активности за уредување на градското зеленило и чистење јавните површини на територија на општина Охрид.

Во акцијата се уредуваат цветните садници на делот околу дрворедите на неколку улици, се косат јавните тревни површини, се чисти и подига ситен отпад во приградските населби и села согласно програмата за работа и се отстранува дива и неуредна вегетација на регионалниот пат Охрид- Свети Наум, а подигната е значителна количина на комунален отпад.

Ваквите активности континуирано ќе се спроведуваат и во текот на наредниот период.

OhridNews