Акција за чистење на дел од Пештани од кабаста отпад во сабота со почеток во 9 часот.

Заедно со ЕКО-ФАП Охрид, договоривме пролетно чистење на делот од Пештани викан „Краста” бидејќи според информациите од терен тој дел е најзапуштен и има премногу кабаст отпад, велат организаторите.

Воедно упатуваат апел до сите кои сакаат да се вклучат во истата дека се добредојдени.

Инаку, ЕКО-ФАП неодамна спроведе и акција за подигнување на кабаст отпад во и во Стариот дел на градот.

OhridNews