Шеталиштето на кејот, чаршијата и летните бавчи на угостителските објекти во Охрид  денес изгледаа како во шпицот на туристичката сезона.  Топлото сонце и тепературата од над 20 целзиусови степени, пружија  вистинско уживање за граѓаните од сите генерации, кои придружени со своите најблиски или со пријателите шетаа, пиеја кафе, пазаруваа или седеа на клупите во паркот.

Покрај охриѓани од убавиот охридски ден ‘’украдоа’’ и голем број на викендаши и екскурзијанти.

OhridNews