Пролетната акција Ден на дрвото за 2012 година нема да се реализира, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Според истиот извор, ваквата одлука е донесена во консултација со експерти од областа на шумарството, чија препорака е наместо во овој временски период акцијата да е реализира наесен.

Имено, поради обилните врнежи од снег оваа зима и неговото интензивно топење, и наглото затоплување, веќе истекуваат оптималните рокови за садење на садниците и според мислењето на експертите процентот на успешност на акцијата би бил мал.

„Очекуваме, активностите кои беа планирани за пролетната да се реализираат во есенската акција, во подобри услови и со поголем процент на успешност“, велат од МЗШВ.

OhridNews
извор: „Макфакс“