Стартот на Детската фудбалска лига во југозападниот регион е пролонгиран за една седмица. Првото коло од Детската фудбалска лига требаше да се одигра викендов во Охрид, но обилните врнежи и пред се ладното време го примора координаторот Наум Јанкуловски да го одложи почетокот.


– Секогаш на прво место е здравјето на дечињата. Во Охрид нема услови за фудбал и во договор со сите екипи решивме да стартуваме наредниот викенд – рече Јанкуловски.

Детската фудбалска лига во која учествуваа екипи од Охрид, Струга и Дебар е распоредана во три натпреварувачки категории (2000 година, 2001/02 и 2003/04).

Мх.П.