Предлог одлука за утврдување на листа  за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на општина Охрид, предлог одлука за  долгорочно домашно задолжување на  општина Охрид во рамки на проектот за  подобрување на  општинските  услуги  (MSIP), како и предлог одлуки за формирање  паралелки со помалку од 24/25 ученици во средните училишта во Охрид, се дел од точките на дневен ред од дваесет и шестата седница на Советот на општина Охрид, закажана за петок, 22- ри август.

Пред советниците ќе се најдат и предлог одлука за усвојување на елаборатот за проценка на штета од град проследен со силен  ветар и дожд- во  општина Охрид  на ден 18 јуни 2014 година, предлог одлука за давање согласност на одлуката за дополнување на  Ценовникот на услуги на ЈП „Нискоградба Охрид“ Охрид, како и неколку точки од сферата на урбанизмот и образованието.

OhridNews