Здружението на граѓани „Богојавление“ кое активно учествува во организацијата за одбележување на празникот Водици, догодина ќе избира ново раководство.

– Догодина се одбележуваат 10 години од формирањето на „Богојавление“, а исто така е и изборна година во здружението. Ќе се менуваат многу работи, ќе има промени и во раководните структури, но се надеваме дека здружението и натаму ќе продолжи успешно да функционира и да се движи по патот кој го трасиравме, изјави претседателот на „Богојавление“, Љупчо Арнаудов.


Претседателот на „Богојавление“(лево), со кумовите на Водици и фаќачот на крстот

Од „Богојавление“ изразуваат задоволство од организацијата на големата верска манифестација, која од година во година привлекува и се поголем број туристи, за што според здружението голем придонес има позитивната медиумска кампања и попустот што го дадоа поголемиот дел од хотелите и угостителските капацитети во градот.

OhridNews