Времето ќе биде претежно облачно. На места ќе има појава на краткотраен дожд, претежно во југоисточните и западните делови.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните од 20 до 27 степени.

Во Охрид и околината времето ќе биде облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе достигне до 12 степени, а дневната до 22 степени.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно време со локален дожд, претежно во крајните западни и крајните источни делови. Температурата дополнително ќе се намали. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно и потопло време.

OhridNews