Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локални краткотрајни врнежи од дожд и појава на грмежи, особено во северните и западните делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 25 степени Целзиусови, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 6, информира УХМР Македонија.
Веќе од утре повторно се очекува постепено зголемување на температурите. Во петок ќе преовладува сончево со умерена облачност и температура до 28 степени, а за време на викендот температурата насекаде во земјава ќе биде над 30 степени.
OhridNews












