Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне и претежно на североисток со локален пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 22 степени Целзиусови.

Во сабота ќе имаме сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе се движи од 24-31 степен.

Слично време не очекува и во недела, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи помеѓу 10 и 18, а максималната од 25-33 степени.

OhridNews