Времето денеска прретпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува, а во западните делови ќе има локален дожд, што во ноќните часови ќе се прошири на повеќе места. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 23 степени Целзиусови.
Од понеделник следува период на променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во понеделник во западните делови врнежите на места ќе бидат пообилни, информира УХМР Македонија.
OhridNews












