Времето ќе биде прoменливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ=7

Во Охрид прoменливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени.

До сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Во петок се очекуваат пообилни количини воден талог. Дневната температура ќе биде во опаѓање. Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на температурата, велат од УХМР.

OhridNews