Како што беше и најавено по сончевото и топло време во изминатите денови, денес, времето во Охрид е променливо облачно со повремени врнежи од дожд и максимална температура до 17 степени. Во текот на наредните два дена ќе биде свежо, со повремени сончеви периоди и максимална температура од 14 до 16, а во текот на ноќта температурата ќе се движи помеѓу 4-от и 6-от степен.
За време на викендот ќе биде стабилно со подолги сончеви периоди и ќе дојде до благо покачување на температурата. Макисмалната ќе биде 19 степени, а минималната од 6 до 8 степени.
OhridNews












