Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне прво во западните, а во вечерните и ноќните часови и во останатите подрачја на земјава ќе биде облачно со повремен дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен до силен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.

Во Охрид времето денес променливо облачно со повремен дожд. Минималната температура до 14, а максималната до 24 степени.

Утре и во првите денови од следната недела ќе преовладува претежно стабилно време. Ќе дува засилен до силен северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.

OhridNews