Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, претежно на запад и исток од земјата. Повеќе врнежи ќе има во вечерните и ноќните часови и тоа на југоисток. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 19 степени, информира УХМР Македонија.

Променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд, ќе преовладува до петок, додека за викендот се очекува благо покачување на температурите.

OhridNews