Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 15 л/м2). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 17 степени.

Утре ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе има брз продор на студена воздушна маса од север и ќе има врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува засилен северен ветер, температурите значително ќе опаднат и врнежи од снег се очекуваат и во некои од пониските места. Од понеделник утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни.
OhridNews











