Променливо облачно со сончеви периоди. Во раните претпладневни часови во северозападните планински региони ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 60 km/h).

Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура до 8 степени.

Од утре ќе преовладува стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови се очекува повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

OhridNews