Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд, а на повисоките планини во западните делови услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието од северозападен правец.

Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура до 11 степени.

Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

OhridNews