Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 50 km/h).

Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.

Утре и во деновите од продолжениот викенд времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и силен ветер (над 60 km/h).

OhridNews