Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, кој во североисточните делови ќе биде повремено засилен.

Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

Под влијание на поле со висок воздушен притисок следува период на релативно стабилно време со сончеви периоди во текот на денот. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во границите на просекот за овој период од годината. До недела ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во јужен.

OhridNews