Променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне насекаде, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Од вторник температурите ќе бидат во опаѓање.
OhridNews











