Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во источните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Охрид променливо облачно со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Од четврток и во следните денови времето ќе биде стабилно, сончево и топло.

OhridNews