Променливо облачно со повеќе сончеви периоди во северните делови. Во утринските и претпладневните часови во југоисточните делови ќе има повремена појава на слаб дожд кој ќе преминува во слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре и во четврток краткотрајно ќе биде стабилно со сончеви периоди во денот, а во петок и на почетокот на викендот понекаде ќе има зголемена облачност и особено во јужните делови услови за слаб дожд, на планините понекаде може ќе провејува снег. Утринските температури до крајот на работната недела ќе бидат во опаѓање.
OhridNews











