Променливо облачно со повремен локален дожд. На планините во северните делови и на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.
OhridNews












