Променливо облачно, наутро со појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува облачно време со повремени локални врнежи од дожд, поинтензивни во западните делови (над 15 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Охрид времето денес променливо облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура до 9 степени.

Нови врнежи ќе има во недела и во почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување, а на планините и во некои од повисоките места врнежи ќе бидат од снег.

OhridNews