Променливо облачно и релативно топло. Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта најпрвин во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец.

Следува период на променливо време. Денес кон крајот на денот, во текот на ноќта и во утре претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе биде претежно стабилно, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврок.
OhridNews












