Претпладне променливо облачно со повеќе облачност во западните делови и слаб до умерен ветер од северен правец поизразен од изутрина и претпладне. Попладне облачноста ќе се намали.

Во Охрид времето денес променливо облачно со температура во интервал од 6 до 11 степени.

Денес преку денот облачноста ќе се намалува. Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите во недела ќе бидат попладне, а во понеделник ќе бидат пообилни (на повеќе места над 20 л/м2). Поради заладување со засилен северен ветер врнежите во вторник ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, велат од УХМР.

OhridNews