Времето ќе биде променливо облачно и студено, на места со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.

Во Охрид променливо облачно и стидено време. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и студено, на места со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Потоа и во следните денови ќе се задржи студено време, со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула, а услови за повремен снег ќе има во вторник.

OhridNews