Денеска ќе преовладува променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд и наместа појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 25 степени.

Утре ќе се задржи променливо облачно и топло време со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Од вторник и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и значително посвежо. Температурите ќе опаднат за 7 до 10 степени.

Г.М.