Во Охрид денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 29 степени Целзиусови, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 8, информираат од УХМР Македонија.
Според прогнозата, во наредните три дена ќе имаме променливо време, со услови за локални врнежи од дожд, на места во форма на невреме, во попладневните часови.
OhridNews