Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а во крајните западни делови ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи.

Во сабота ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови од земјава. Нови врнежи од дожд проследени со засилен ветер и појава на нестабилност се очекуваат во понеделник кон крајот на денот, информира УХМР Македонија.


Променливо време во продолжениот празничен викенд

OhridNews